Приведен кумановец кој возел со 1,77 промили алкохол

Сподели со своите пријатели

Дваесет и деветгодишен кумановец бил приведен ноќва на булевар во Куманово, откако полицијата констатирала дека возел со 1,77 промили алкохол.

– На 31.12.2025 во 03:45 часот на бул.„Трета македонска ударна бригада“ во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода Ф.А.(29) од с.Биљановце, кумановско, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово.

Како што додаваат од полицијата, при контрола на патниот сообраќај во Куманово, полициските службеници сопреле патничко возило „фолксваген поло“, кое тој го управувал и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,77 промили алкохол во крвта.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Полицијата заплени пиротехника во Куманово, приведени неколку лица

– По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“, стои во соопштението.

Никола Ивановски