Приведен кумановец кој возел со 1,55 промили алкохол

Сподели со своите пријатели

Четириесет и едногодишен кумановец бил приведен вчера откако полицијата констатирала дека управува возило под дејство на алкохол.

– На 23.10.2025 во 02:30 часот на бул.„Октомвриска револуција“ во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода Г.В.(41) од Куманово, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, при контрола во сообраќајот, полициските службеници запреле патничко возило „фолксваген голф“, кое го управувал Г.В. и при контрола констатирано е дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,55 промили алкохол во крвта.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Две лица повредени откако „голф“ излетал од патот Речица – Ваксинце