Приведен кумановец кој возел со 1,5 промили алкохол

Сподели со своите пријатели

Педесет и петгодишник од Куманово бил приведен ноќва откако полицијата констатирала дека возел автомобил под дејство на 1,5 промили алкохол.

– На 03.01.2026 во 02:47  часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода Г.Ј.(55) од Куманово, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, при сообраќајна контрола на бул.„Трета македонска ударна бригада“ во Куманово е сопрено патничко возило „фолксваген артеон“ со кумановски регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,50 промили алкохол во крвта.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Скоро три милијарди денари ќе тежи буџетот на Општина Куманово во 2026 година

– По целосно документирање на случаите против нив ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“, стои во соопштението.

Никола Ивановски