Триесет и едногодишен кумановец бил приведен вчера на автопатот Скопје – Тетово бидејќи возел „БМВ“ со брзина од 175 километри на час.
– Вчера во 14.20 часот на автопат Скопје – Тетово во близина на бензинска пумпа полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово го лишиле од слобода Н.В. (31) од Куманово, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Како што додаваат од МВР, При сообраќајната контрола полициските службеници констатирале дека Н.В. управувал патничко возило “БМВ” со кумановски регистерски ознаки со брзина од 175 километри на час на место каде што максимална дозволена брзина е 80 километри на час.
Против триесет и едногодишниот кумановец, но и против петмина други возачи од повеќе градови во држава, МВР најавува кривична пријава за „безобзирно управување со моторно возило“.
Никола Ивановски