Дваесет и деветгодишник од Куманово бил приведен по пријава дека со нож упатувал закани кон согаѓанка по претходен инцидент.
– На 28.06.2025 во 21.50 ч. во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Џ.Б. (29) од Куманово, затоа што на 28.06.2025 година, околу 20.00 часот, пред семејната куќа на 44-годишна жена во Куманово, пријавениот со нож и упатувал закани, откако претходно се обидела да го спречи Џ.Б. насилно да го отвори патничкото моторно возило „бмв“, сопственост на нејзиниот син, информираат од Секторот за внатрешни работи.
Како што додаваат од полицијата, Џ.Б. е приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава.
Никола Ивановски