Приведен кумановец кој се заканувал на својот татко

Сподели со своите пријатели

Четириесет и петгодишник од Куманово бил приведен вчеравечер поради закани упатени кон неговиот татко.

– На 16.03.2026 во 18:30 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода А.М.(45) од Куманово затоа што агресивно се однесувал и му се заканувал на неговиот татко, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумновец ја натепал својата ќерка и ѝ се заканувал со остар предмет