Педесет и двегодишен кумановец бил приведен вчеравечер по пријава дека се заканувал на својата сопруга.
– На 02.01.2026 во 21:45 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода С.Ј.(52) од кумановско, постапувајќи по претходна пријава дека во домот во кој живеат во Куманово се заканувал на неговата 51-годишна сопруга, информираат од Секторот за внатрешни работи.
Како што додаваат од полицијата, по целосно дпокументирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Никола Ивановски

