Приведен кумановец кој се заканувал на своето семејство

Сподели со своите пријатели

Триесет и тригодишен кумановец вчеравечер бил приведен по пријава дека бил агресивен  се заканувал кон членовите на неговото семејство.

Loading...

– На 06.07.2025 година во 22.20 часот полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода М.М. (33) од Куманово затоа што агресивно се однесувал и се заканувал кон членовите на неговото семејство, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановската полиција привела тројца криминалци барани со потерница