Триесет и седумгодишен кумановец бил приведен утринава поради агресивно однесување кон полициски службеници.
Loading...
– На 04.06.2024 во 02.30 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода М.П.(37) од село Биљановце, кумановско, затоа што агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија, информираат од Секторот за внатрешни работи.
Како што додаваат од полицијата, тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.
Никола Ивановски