Приведен кумановец кој подолг период ѝ се заканувал на поранешната сопруга

Сподели со своите пријатели

Дваесет и осумгодишен кумановец бил приведен по пријава дека подолг период ѝ се заканувал на поранешната сопруга.

– На 31.03.2026 во 21:25 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Ј.К. (28) од Куманово затоа што подолг временски период се заканувал кон неговата поранешна сопруга, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Работилница во Куманово за јакнење на мултикултурниот соживот (ФОТО)