Четириесет и тригодишен кумановец бил приведен вчеравечер поради физички напад врз неговата мајка.
– На 10.04.2026 во 22:15 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода А.Д.(43) од Куманово, постапувајќи по претходна пријава дека во семејната куќа во Куманово се однесувал агресивно и физички ја нападнал неговата мајка, информираат од Секторот за внатрешни работи.
По целосно документирање на случајот, како што додаваат од полицијата, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Никола Ивановски

