Приведен Кумановец кој извршил четири тешки кражби

Сподели со своите пријатели

Дваесет и четиригодишен кумановец бил приведен вчера поради сомнение дека извршил четири тешки кражби.

Loading...

– На 14.07.2022 во Куманово, полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција од Куманово го лишиле од слобода А.С.(24) од Куманово, информираат од Министерството за внатрешни рабпти.

Тој се сомничи дека на подрачјето на Куманово извршил четири тешки кражби, од кои две извршени во цркви, една во угостителски објект и една на приватен имот.

По целосно документирање на случаите против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Малолетник претепан пред основно училиште во Куманово