Триесет и осумгодишнен кумановец бил приведен завчера по пријава дека физички го нападнал својот син.
– На 23.03.2026 во 18:00 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода Б.А.(38) од кумановско село затоа што физички го нападнал неговиот малолетен син, информираат од Секторот за внатрешни работи.
Како што додаваат од полицијата, тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.
Никола Ивановски

