Триесет и тригодишен кумановец бил приведен вчеравечер по пријава дека физички ја нападнал неговата вонбрачна сопруга.
– На 09.09.2025 во 21:25 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Б.С.(33) од Куманово затоа што физички ја нападнал неговата вонбрачна сопруга, информираат од Секторот за внатешни работи.
Како што додаваат од полицијата, тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.
Никола Ивановски