Четириесет и осумгодишник од Куманово ноќва бил приведен бидејќи се однесувал агресивно кон полициски службеници во угостителски објект.
– На 05.01.2026 во 01:00 часот, полициски службеници од СВР Куманово го приведоа Ј.С.(48) од с.Долно Којнаре, кумановско, затоа што во угостителски објект на ул.„Бранко Богдански Гуцман“ во Куманово, агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија, информираат од Секторот за внатрешни работи.
Како што додаваат од полицијата, тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.
Никола Ивановски

