Едно лице е приведено денеска откако од страна на Комуналната инспекција при Општина Куманово било затекнато како согорува кабли кај месноста Бараки.
– Денес (04.07.2025) во 12:30 часот Комуналната инспекција при Сектор за инспекциски надзор го затекна лицето А.А. на локацијата Бараки, на пругата Куманово – Бељаковце како согорува кабли, информираат од инспекциските служби.
Како што додаваат веднаш на лице место е издаден прекршочен платен налог, а од страна на полицијата лицето е приведено и ќе се преземат понатамошни мерки.
Од Секторот за инспекциски надзор при Општина Куманово апелираат граѓаните да не фрлаат и горат отпад, но и воопшто да се воздржат од било какво палење оган на отворено поради високите температури и големиот ризик од пожари.
– Нашите инспектори се на терен, дејствуваме заедно со полицијата и секој кој ќе се обиде да ја загадува природата, да создава диви депонии, да пали смет, да ја загадува околината и да го доведува населението во опасност ќе биде ригорозно санцкиониран согласно закон, додаваат од инспекциските служби.
Никола Ивановски