Приведен кумановец, бил агресивен и попречувал полицајци

Сподели со своите пријатели

Четириест и осумгодишник од Куманово бил приведен вчера откако се однесувал агресивно и попречувал полицајци.

Loading...

– На 26.08.2025 во СВР Куманово околу 15:30 часот на булеварот „Трета македонска ударна бригада“ во Куманово, Љ.С.(48) од Куманово го нарушил јавниот ред и мир со агресивно однесување и ги попречувал полициските службеници при преземање службени дејствија, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Започна реконструкцијата на улицата „Карл Маркс“ (ФОТО)