Приведен кумановец баран за издржување затворска казна

Сподели со своите пријатели

Четириесет и деветгодишник од Куманово бил приведен вчера откако по него била распишана потерница за издржување затворска казна.

Loading...

– На 16.10.2024 во 09.45  часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода К.А.(49) од Куманово, кој бил баран по потерница врз основа на судска наредба за издржување на затворска казна за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“ по член 383 од Кривичниот законик, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, К.А. бил спроведен во Казнено – поправната установа Затвор К’шање за издржување на казната.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Утре изложба по повод 50 години постоење на Ликовна колонија „Куманово“

Никола Ивановски