Триесет и седумгодишен кумановец вчеравечер бил пријавен откако по него била распишана потерница за издржување затворска казна.
Loading...
– На 22.03.2023 во 23.00 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Е.И.(37) од Куманово, информираат од Секторот за внатрешни работи.
Како што појаснуваат од полицијата, тој бил баран по потерница врз основа на судска наредба за издржување на затворска казна за сторено кривично дело по член 236 од Кривичниот законик.
Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор К’шање за издржување на казната, стои во соопштението.
Никола Ивановски