Приведен кумановец баран со потерница

Сподели со своите пријатели

Триесет и деветгодишен кумановец бил приведен вчера откако по него била распишана потерница за издржување затворска казна.

Loading...

– На 04.08.2024 во 11.20 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го привеле С.С.(39) од Куманово, кој бил баран по потерница врз основа на судска наредба за издржување на казна затвор за сторено кривично дело по член 236 од Кривичниот законик, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Лицето, како што додаваат од кумановската полиција, било спроведено во Казнено-поправна установа Затвор Куманово за издржување на казната.

Никола Ивановски