Приведен кумановец баран по централна потерница

Сподели со своите пријатели

Дваесет и седумгодишник од Куманово бил приведен утринава кој полицијата го барала со централна потерница.

Loading...

– На 17.01.2024 во 06.15 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Р.Р.(27) од Куманово, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што појаснуваат од полицијата, тој бил баран по централна потерница врз основа на судска наредба за издржување затворска казна за сторено кривично дело по член 236 од Кривичниот законик.

Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор К’шање за издржување на казната.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  УХМР најавува студен бран и пообилни врнежи од дожд и снег