Осумнаесетгодишен кумановец ноќва бил приведен од полицијата бидејќи агресивно се однесувал кон својата мајка и оштетил дел од покуќнината.
Loading...
– На 20.12.2021 во 00.30 часот, полициски службеници од СВР Куманово, го лишиле од слобода Д.Ј.(18) од Куманово затоа што претходно во домот агресивно се однесувал кон неговата мајка и оштетил дел од покуќнината, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Како што додаваат од полицијата, при преглед кај него бил пронајден и одземен нож.
По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.