Приведен кумановц, полицијата му пронашла наркотици и дигитална вага

Сподели со своите пријатели

Триесет и шестгодишник од Куманово бил приведен викендов откако во неговиот дом полицијата пронашла наркотици и дигитална вага.

– На 21.03.2026 во 13:15 часот полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода М.Г. (36) од Куманово, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, при претрес во неговиот дом, извршен по судска наредба, биле пронајдени растителна и грутчеста материја, како и дигитална вага.

– Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава, стои во соопштението.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Неделна прогноза за Куманово: Ќе се вратат ли повисоките температури?