Приведен крадец од Куманово, расчистени две кривични дела

Сподели со своите пријатели

Дваесет и петгодишен кумановец вчера бил приведен, осомничен дека извршил две кражби.

Loading...

– На 29.05.2022 во 12.30 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода С.Р.(25) од Куманово, стои во соопштението на Министерството за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, тој се сомничи дека на 31.03.2022 во станбен објект на улица „Лесковачка“ во Куманово и на 05.04.2022 година во деловен објект на булеварот „Трета македонска ударна бригада“ во Куманово извршил кражби, при што одзел повеќе предмети.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Никола Ивановски