Приведен крадец од Куманово, признал три кривични дела

Сподели со своите пријатели

Триесет и петгодишен кумановец бил приведен рано утринава под сомнение дека месецов извршил три кражби.

Loading...

– На 20.02.2023 во 03.00 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Е.И.(35) од Куманово, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што појаснуваат од полицијата, тој се сомничи дека во февруари извршил три кражби од приватни имоти и одзел повеќе предмети.

Е.И. бил задржан во полициска станица и во службен разговор ги признал извршените кривични дела.

По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец со метален предмет оштетил повеќе паркирани возила