Приведен дилер во Куманово, пронајден хероин

Сподели со своите пријатели

Четириест и осумгодишен кумановец доби кривична пријава откако полицијата во неговото возило пронашла хероин.

Loading...

– Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал – Сектор за криминалистички истраги – Единица за недозволена трговија со дрога, до Основно јавно обвинителство Куманово, поднесе кривична пријава против И.М.(48) од Куманово поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори”, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што стои во соопштението на МВР, по преземени мерки и активности, на 22.01.2024 во Куманово бил извршен преглед во возило во кое се наоѓал И.М., при што кај него бил пронајден и одземен хероин.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Физички нападнат 17-годишник од Куманово

Лицето било лишено од слобода и по извршено вештачење против него е поднесена пријавата.