Приведен бегалец од кумановскиот затвор

Сподели со своите пријатели

Дваесет и шестгодишен осуденик кој избегал од кумановскиот затвор, бил приведен доцна вчеравечер.

Loading...

– На 02.10.2024 околу 22.30 часот во Скопје полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишија од слобода А.А. (26) од Скопје, кој по наредба од Основен кривичен суд Скопје бил баран поради бегство од КПУ Затвор Куманово, а бил осуден на казна затвор од четири години и седум месеци во врска со чл.215 ст.3 за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“, информираат од Министерството за внатрешни работи.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Плинска боца и бојлер предизвикаа пожари во две куќи во Куманово

Како што додаваат од полицијата, лицето било барано  и во врска со кривично дело по чл.259 (изнуда).

– Лицето ќе биде предадено на надлежната казнено поправна установа, додаваат од МВР.

Никола Ивановски