Приведен арачиновец во Куманово, превезувал огревно дрво без документација

Сподели со своите пријатели

Дваесет и тригодишник од Арачиново бил приведен вчеравечер бидејќи превезувал огревно дрво без соодветна дозвола.

Loading...

– На 31.07.2025 во 22.00 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Ј.Б.(23) од село Арачиново, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, при преглед на товарно моторно возило „ивеко“ без регистарски ознаки, кое го управувал, било утврдено дека превезувал огревно дрво без соодветна дозвола.

– Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава, стои во соопштението.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Викенд прогноза за Куманово: Што носат првите денови од август?