Педесет и петгодишник од Куманвоо бил приведен вчера откако бил затекнат при обид да украде производи од продажен објект во Куманово.
– На 11.01.2026 година, во 12:30 часот полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Ф.А. (55) од Куманово, затоа што бил затекнат во обид да одземе производи во продажен објект на булевар „Трета македонска ударна бригада“ во Куманово, информираат од Секторот за внатрешни работи.
Како што додаваат од полицијата, тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.
Никола Ивановски

