Педесетгодишен жител на Куманово бил приведен вчеравечер поради агресивно однесување кон полициски службеници.
– На 27.11.2025 во 23:00 часот полициски службеници од СВР Куманово го приведоа И.С.(50) од Куманово, затоа што се однесувал агресивно кон полициски службеници кои постапувале по претходна пријава дека И.С. отишол во куќата на неговата поранешна сопруга и ја вознемирувал, информираат од полицијата.
Како што додаваат оттаму, по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Никола Ивановски

