Приведен 46-годишен кумановец. Бил агресивен кон полицајци

Сподели со своите пријатели

Четириесет и шестгодишен кумановец бил приведен вчеравечер на булеварот „Октомвриска револуција“, бидејќи се однесувал агресивно кон полициски службеници.

– На 29.10.2025 во 20:10 часот на булевар „Октомвриска револуција“ во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го приведоа А.С.(46) од Куманово, затоа што се однесувал агресивно кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Тројца тинејџери од Куманово приведени поради тепачка во угостителски објект