Четириесет и петгодишен кумановецбил приведен вчера попладне под сомнение дека украл пари од приватен имот.
Loading...
– На 01.06.2025 во 15.40 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода А.З.(45) од Куманово затоа што истиот ден од приватен имот на улица „Лесковачка“ во Куманово одзел пари, информираат од Секторот за внатрешни работи.
Како што додаваат од полицијата, тој бил приведен во полициска станица, парите биле пронајдени и вратени на сопственикот и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.
Никола Ивановски