Приведен 42-годишен кумановец осомничен за кражба

Сподели со своите пријатели

Четириесет и двегодишен кумановец вчера бил приведен под сомнение дека извршил кражба.

Loading...

– На 08.03.2022 во 18.00 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода П.М.(42) од Куманово. Тој се сомничи дека влегол во куќа на улица „Пионерска“ во Куманово и одзел различни предмети, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово.

П.М. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

Никола Ивановски