Четириест и едногодишен жител на Куманово бил приведен рано утринава под сомнение дека украл производи од продажен објект.
Loading...
– На 02.09.2025 во 04:20 часот полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Д.С.(41) од Куманово затоа што со употреба на сила влегол во продажен објект на улицата „Тане Георгиевски“ во Куманово и одзел производи, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Како што додаваат од МВР, тј бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.
Никола Ивановски