Приведен 34-годишен кумановец кој нападнал сограѓанка

Сподели со своите пријатели

Триесет и четиригодишен кумановец бил приведен по пријава дека бил агресивен и нападнал сограѓанка.

– На 08.04.2026 во 15:10 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода М.Л.(34) од Куманово затоа што агресивно се однесувал кон Л.М.(57) и физички ја нападнал, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Без струја денеска и утре делови од Куманово и Младо Нагоричане