Приведен 30-годишен возач во Куманово, возел без дозвола

Сподели со своите пријатели

Триесетгодишен возач од липковско вчера бил приведен во Куманово откако полицијата констатирала дека вози без возачка дозвола.

– На 24.02.2026 во 15:10 часот на улицата „Индустриска“ во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода Ф.Д. (30) од село Оризаре, липковско, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, при контрола во сообраќајот, полициски службеници сопреле патничко моторно возило „форд“, управувано од Ф.Д. и по извршени проверки било констатирано дека го управувал без возачка дозвола.

По целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Нови семафори ќе добијат три крстосници во Куманово (ВИДЕО)

Никола Ивановски