Приведен 30-годишен кумановец баран со потерница

Сподели со своите пријатели

Триесетгодишник од Куманово кој бил баран со потерница за издржување затворска казна, бил приведен утринава.

Loading...

– На 18.12.2024 во 08.00 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Љ.Р.(30) од Куманово, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што појаснуваат од кумановската полиција, тој бил баран по потерница за издржување казна затвор одтри години за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет нанаркотични дроги психотропни супстанци и прекурзори“ по член 215 од Кривичниот законик.

Љ.Р. бил спроведен во Казнено – поправната установа Затвор Идризово за издржување на казната.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Утре премиерна изведба на новогодишната претстава на Театар Куманово (ФОТО)

Никола Ивановски