Триесетгодишник од Куманово бил приведен викендов под сомнение дека извршил неколку кражби.
– На 28.03.2026 полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода Р.Р.(30) од Куманово, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Како што додаваат од полицијата, тој се сомничи дека во различни временски периоди одзел предмети од деловен објект и патничко возило, а се обидел и да одземе предмети од приватен имот.
– По целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава, стои во соопштението.
Никола Ивановски

