Приведен 28-годишен кумановец при обид за кражба

Сподели со своите пријатели

Дваесет и осумгодишник од Куманово бил приведен под сомнение дека се обидел да украде предмети од приватен имот.

Loading...

– На 04.11.2024 во 23.25 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Џ.Б.(28) од Куманово, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што појаснуваат од полицијата, тој се обидел да одземе предмети од приватен имот на улицата „Никола Тесла“ во Куманово.

Џ.Б. бил приведен во полициска станица и, како што додаваат од СВР Куманово, по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Дводневна предновогодишна забава во Куманово