Приведен 27-годишник од Куманово кој возел со над 2 промили алкохол

Сподели со своите пријатели

Дваесет и седумгодишен кумановец бил приведен откако полицијата утврдила дека возел под дејство на 2,14 промили алкохол во крвта.

– На 11.10.2025 во 02:10 часот на улица „Ленинова” во Куманово, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај при СВР Куманово го лишија од слобода С.С.(27) од с.Биљановце, кумановско, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, при контрола на патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „фолксваген голф”, кое тој го управувал и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 2,14 промили алкохол во крвта, по што веднаш е исклучен од сообраќајот и задржан во Полициска станица.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец натепан во домот на поранешната сопруга

По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.

Никола Ивановски