Приведен 27-годишник од Куманово баран со потерница

Сподели со своите пријатели

Дваесет и седумгодишник од кумановското село Романовце бил приведен вчера откако за него била издадена потерница за издржување затворска казна.

– На 08.12.2025 година во 05.30 часот полициски службеници од потраги ОКП при СВР Куманово го лишиле од слобода С.Ш.(27) од село Романовце,кумановско, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, тој бил баран по потерница  по судска наредба за издржување казна затвор од една година и седум месеци за сторено кривично дело по член 215 од КЗ на РСМ.

– С.Ш. бил спроведен во казнено поправна установа К’шање за издржување на казната, стои во соопштението на кумановската полиција.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Две лица од Липково приведени, полицијата им пронашла поголема количина тутун

Никола Ивановски