Приведен 26-годишен кумановец поради возење под дејство на алкохол

Сподели со своите пријатели

Дваесет и шестгодишен кумановец ноќва бил приведен откако полицијата утрврдила дека управувал возило под дејство на алакохол.

– На 04.10.2025 во 01.30 часот на улицата “Ѓорче Петров” во Куманово полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај при СВР Куманово го лишија од слобода А.К.(26) од Куманово, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, при контрола на патниот сообраќај во Куманово, полициските службеници сопреле ,патничко моторно возило ” ауди” кое го управувал и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1.77 промили алкохол во крвта.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Претстава за деца утре во рамки на фестивалот „Куманиум“

– По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“, стои во соопштението на кумановската полиција.

Никола Ивановски