Приведен 25-годишен Британец на Табановце

Loading...
Сподели со своите пријатели

Дваесет и петгодишник од Велика Британија бил приведен вчера наутро на граничниот премин Табановце.

– На 01.06.2025 во 04.00 часот на Граничен премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници го лишија од слобода Г.Г.(25) од Велика Британија затоа што при гранична контрола е констатирано дека на увид приложил фалсификувана возачка дозвола, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што додаваат од МВР, тој е предаден на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Далибор Стаменковски од Куманово на самит со европската елита на кондициони тренери (ФОТО)