Дваесет и четиригодишник од Куманово бил приведен вчеравечер откако полицијата кај него пронашла бела прашкаста материја.
Loading...
– На 01.06.2025 во 22.00 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода И.Р.(24) од Куманово затоа што кај него била пронајдена бела прашкаста материја, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово.
Како што додаваат од кумановската полиција, тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.
Никола Ивановски