Дваесет и тригодишен кумановец бил лишен од слобода, бидејќи бил баран со потерница за издржување затворска казна од пет години и пет месеци.
– На 08.02.2026 во 18:20 часот полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода С.С. (23) од Куманово, информираат од Секторот за внатрешни работи.
Како што додаваат од полицијата, тој бил баран по централна потерница врз основа на судска наредба за издржување казна затвор од пет години и пет месеци, за сторено кривично дело „разбојништво“ по член 237 од Кривичниот законик.
Лицето е спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Штип за издржување на казната.
Никола Ивановски

