Приведен 20-годишен кумановец затекнат при кражба

Сподели со своите пријатели

Дваесетгодишен кумановец бил затекнат како се обидува да ограби 84-годишен сограѓанин при што бил приведен од полицијата.

Loading...

– На 10.04.2023, поолициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода А.Р.(20) од Куманово. Тој бил затекнат при извршување кражба во двор од куќа сопственост на В.Ц.(84) од Куманово, во населба „Стари лозја“, при што одзел неколку предмети, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Одземените предмети, како што појаснуваат од полицијата биле вратени на сопственикот, а лицето било задржано во полициска станица.

– По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, стои во соопштението.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Ќе стане ли кумановец градоначалник на Цирих?

Никола Ивановски