Приведен 19-годишник од Куманово кој возел двојно над дозволеното

Сподели со своите пријатели

Деветнаесетгодишник од кумановско бил приведен вчера попладне откако полицијата констатирала дека возел двојно над дозволената брзина.

– На 14.12.2025 во 12:06 часот на регионален пат во селото Љубодраг, кумановско, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода М.Љ.(19) од село Љубодраг, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што додаваат од МВР, при контрола во сообраќајот со радар е констатирано дека управувал патничко возило „сеат“ со кумановски регистарски ознаки со брзина од 95 километри на час во населено место каде максимално дозволена брзина е ограничена со сообраќаен знак на 40 километри на час.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  ЖРК Куманово триумфираше над Спартак (ФОТО)

– По целосно документирање на случајот против возачот ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.

Никола Ивановски