Во СВР Куманово, вчера било пријавено дека М.И.(19) од Куманово платил на две места за производи и услуги со фалсификувани банкноти од по 1000 денари.
Loading...
Истиот ден, врз основа на судска наредба, како што информираат од Министерството за внатрешни работи, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот на ул.„143“ во Куманово, при што пронашле и одзеле 11 фалсификувани банкноти (10 банкноти во апоени од 500 денари и една банкнота во апоен од 1000 денари).
М.И. бил приведен и задржан во полициска станица.
По целосно расчистување и документирање на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок.