Станува збор за првиот модел на Тесла кој е наменет за најшиоркиот пазар, првенствено поради релативно ниската цена.
Цената на базниот модел е 35.000, а на онаа со поголем капацитет на батеријата 44.000 американски долари, но првично е достапна само поскапата верзија. Од Tesla објавија дека стандардната верзија на Model 3 ќе предложи автономија од до 220 миљи или 350 километри, а втората со таква од 310 миљи, односно 500 km.
Model 3 Standard Battery ќе биде во можност да се забрза од 0 до 96 km/h за 5.6, а Model 3 Long Range Battery за 5.1 секунди. Максималната брзина на движење на двете модификации се соодветна, 210 и 225 km/h. Од Tesla коментираат дека овие параметри се однесуваат за верзијата со еден електромотор и заден погон, а во подоцнежна фаза ќе бидат лансирани и верзии со погон на два електромотори и на сите четири тркала.