Пристигнува новиот Triumph Speed ​​Triple 1200 RR (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Triumph Motorcycles конечно го откри официјалниот датум на претставување на претстојниот мотоцикл Speed ​​Triple 1200 RR.

Loading...

Според достапните информации, споменатата машина ќе биде откриена на 14 септември.

И иако нема толку многу детали за новиот мотор, најновото видео сугерира дека новиот Speed ​​Triple 1200 RR нема да биде типичен спортски мотор.

Наместо тоа, британскиот производител имаше уникатен пристап во изработката на својот модел, особено кога станува збор за тркалезните LED фарови, кои совршено се вклопуват во изгледот на предната страна.

Она што го знаеме е дека RR ќе го има истиот трицилиндерски мотор како и Speed ​​Triple RS, но се уште не е познато дали сепак ќе има 177 КС или таа бројка ќе биде поголема.

За други информации, ќе треба да почекаме до 14 септември, кога Triumph ќе ги открие сите детали во врска со својот нов Speed ​​Triple 1200 RR.

 

Loading...